Сподели мислењa, ставови и искуства и заработи!
Што претставува онлајн панелот „Прашалник“?
Успешните компании при креирање на нови или подобрување на постоечки производи или услуги се потпираат на мислењето на купувачите, нивните впечатоци, очекувања и слично.
Онлајн панелот „Прашалник“ е алатка која ги поврзува компаниите и потрошувачите. Преку пополнување на прашалници и споделување на твоите мислења, ставови и искуства на различни теми можеш да заработуваш едноставно и безбедно од било кое место – дома, на работа, во парк или каде и да си. Притоа помагајќи им на компаниите да ги подобрат своите производи, да развијат нови или да го подобрат своето работење.
За возврат, со секој правилно пополнет прашалник добиваш одреден број на поени кои можеш да ги замениш за пари. Кликни тука за да се информираш како функционира процесот на исплата.
Што е подобро од тоа да те плаќаат за да го кажеш своето мислење?
ЛЕСНО Е!
Штом станете член на онлајн панелот „Прашалник“ тој ќе ви испрати покана за учество во анкетата за истражување каде се потребни испитаници со ваш демографски профил. На вашата е-маил адреса ќе добиете прашалник во електронска форма кој можете да го пополните преку компјутер, мобилен, таблет или кој било уред каде што ќе имате интернет-конекција.
БЕЗБЕДНО Е!
Учеството во истражувањата секогаш е анонимно и ние никогаш нема да го споделиме, позајмиме или да ги продадеме вашите лични податоци на трети лица. Вашите одговори исто така никогаш нема да бидат споделени со кого било без претходна изречна Ваша согласност.
Вашите лични податоци се третираат со потполна дискреција и се користат исклучително за две цели:
- статистичко поврзување на вашиот демографски профил со одговорите на вашите прашања
- исплатата на заработените средства на вашата сметка.
ИСПЛАТЛИВО Е!
Со секој пополнет прашалник добивате одреден број на поени кој зависи од должината и комплексноста на прашалникот. Во согласност со правилата на онлајн панелот „Прашалник“ доволно е да соберете минимум 1.000 поени за да добите право на исплата на средства.
