Добре дојдовте на онлајн панелот ПРАШАЛНИК.МК,
место каде заработувате споделувајќи го своето мислење, ставови и искуства.

ШТО ПРЕТСТАВУВА ОНЛАЈН ПАНЕЛОТ „ПРАШАЛНИК“?

Успешните компании се потпираат на твоето мислење, твоите впечатоци, твоите очекувања при креирање на нови или подобрување на постојните производи и услуги. Онлајн панелот Прашалник е алатка која ги поврзува компаниите и потрошувачите. 

Преку пополнување на прашалници можеш да заработуваш едноставно и безбедно од дома, на работа, во парк или каде и да си и притоа да помогнеш за подобрување на постојните или развој на нови производи и услуги, како и подобрување на работењето на компанијата преку споделување на твоето мислење, ставови и искуства на различни теми.

Членството во онлајн панелот Прашалник е бесплатно и секој може да се зачлени едноставно, преку пополнување на формуларот за регистрација.

За возврат, со секој правилно пополнет прашалник добиваш одреден број на поени кои можеш да ги замениш за пари кои ќе бидат исплатени на твојата сметка.

Што е подобро од тоа да те плаќаат за да го кажеш своето мислење?

Колку повеќе прашалници одговориш, толку повеќе поени добиваш кои можеш да ги претвориш во парична заработка.

ЗОШТО БИ СЕ ПРИКЛУЧИЛЕ?

 ЛЕСНО Е!

Штом станете член на онлајн панелот Прашалник тој ќе ви испрати покана за учество во анкетата за истражување каде се потребни испитаници со ваш демографски профил. На вашата е-маил адреса ќе добиете прашалник во електронска форма кој можете да го пополните преку компјутер, мобилен, таблет или кој било уред на којшто имате интернет-конекција.

БЕЗБЕДНО Е!

Учеството во истражувањата секогаш е анонимно и ние никогаш нема да го споделиме, позајмиме или да ги продадеме вашите лични податоци на трети лица. Резултатите и одговорите од одделен испитаник никогаш нема да бидат споделени со кого било без претходна изречна согласност на испитаникот.

Вашите лични податоци се третираат со потполна дискреција и се користат исклучително за две цели:

  • статистичко поврзување на вашиот демографски профил со одговорите на вашите прашања
  • исплатата на заработените средства на вашата сметка.

ИСПЛАТЛИВО Е!

Со секој пополнет прашалник добивате одреден број на поени кој зависи од должината и комплексноста на прашалникот. Во согласност со правилата на онлајн панелот „Прашалник“ доволно е да соберете минимум 1.000 поени за да добите право на исплата на средства.

РЕГИСТРИРАЈ СЕ

Првиот чекор за да станете член на онлајн панелот Прашалник е да го пополните формуларот за регистрација. Со пополнување на формуларот ние добиваме основни податоци за вас кои ни служат за лесно да ве контактираме и да ве поканиме за учество на оние истражувања кои најмногу одговараат на вашиот демографски профил.

Ве молиме искрено одговорете на прашањата од формуларот бидејќи нема да бидеме во можност да ве исплатиме доколку наведените податоци се разликуваат од оние што стојат во вашите лични документи (лична карта).

Сите ваши податоци се третираат строго доверливо и истите никогаш нема да ги споделиме, позајмиме или продадеме на трети лица.

РЕГИСТРИРАЈ СЕ
Пол
Националност
Брачен статус
Образование
(последен степен на завршено образование)
Работен статус

ОПШТИ ПРАВИЛА И УСЛОВИ

Маркет Висион ДООЕЛ спроведува истражувања на пазарот преку онлајн панелот „Прашалник“, овозможувајќи им учество на сите заинтересирани учесници преку пополнување на формуларот за регистрација на интернет-страницата www.prasalnik.mk
Со правилна регистрација на онлајн панелот „Прашалник“, учесниците се стекнуваат со својство на член на панелот и имаат право на учество во интернет-анкети за коишто им следува соодветен надоместок.

Членството во онлајн панелот „Прашалник“ е бесплатно.

На членовите на панелот преку електронска пошта повремено им се испраќаат покани за учество во интернет-анкети и за секој правилно пополнет прашалник, членот добива одреден број на поени кои се регистрираат во системот и истите може да ги замени за пари кои ќе му бидат исплатени на сметка.

Членовите на панелот немаат обврска да учествуваат во анкетите за коишто добиваат покани и секој член сам одлучува дали сака да учествува во анкетата за којашто бил поканет или не.

Сите лични податоци подлежат на одредбите за заштита на личните податоци и не се проследуваат на трети лица.

Одговорите на прашалниците, кои членовите на панелот ги пополнуваат, се поврзуваат со социодемографските карактеристики и се презентираат групно во анонимна форма заедно со одговорите на сите учесници.

Со самиот чин на регистрација, членовите ги прифаќаат обврските кои ги наметнуваат условите на користење преку што се регулира односот помеѓу Маркет Висион и членовите на онлајн панелот „Прашалник“.


Со регистрацијата, односно зачленувањето на онлајн панелот „Прашалник“, членот не стекнува обврска ниту право да учествува во интернет-анкетите, туку се здобива со право за учество во одредени интернет-анкети доколку е поканет да учествува.

Маркет Висион го задржува правото да изврши селекција на членовите кои ќе бидат вклучени да учествуваат во интернет-анкетите во зависност од барањата на самото истражување.

За одредени истражувања каде има прецизно дефинирани критериуми за избор, може да не се квалификуваат сите членови. Доколку бројот на членови, кои ги исполнуваат демографските карактеристики, потребни за одредена анкета е поголем од потребите на истражувањето, членовите ќе бидат избрани по случаен избор.

Членот нема право да бара да учествува во минимален број на анкети во одреден временски период.

Поканите за учество во интернет-анкетите се наменети лично за членот на кого му се испратени и истите треба да се придржуваат до правилата и на анкетите да одговараат самостојно без сугестии и помош од трети лица.

На членовите им е строго забрането да ја користат оваа покана за да им овозможат на трети лица да учествуваат во веб-анкетата во нивно име.

Секој член на онлајн панелот е должен свесно да даде точни информации и не смее намерно да дава неточни одговори во анкетата.

Еднаш започнатата анкета треба да се заврши до крај, односно да се одговорат сите прашања. Во спротивно истата нема да биде сметана како целосна и за истата нема да бидат регистрирани поени.

Маркет Висион го задржува правото да прогласи одредени анкети за неважечки доколку не се целосно пополнети или се немарно пополнети, при што особено внимание се посветува на одговорите на отворените прашања, кои треба да бидат целосни и осмислени. Во случаи на пополнети прашалници со нецелосни или немарно пополнети одговори, за истите нема да бидат регистрирани поени и членовите кои повеќекратно даваат такви одговори ќе бидат исклучени од панелот.

За секоја пополнета анкета, учесникот во анкетата ќе добие потврден одговор за тоа дали неговата анкета е целосно и правилно пополнета.

Членот се обврзува дека нема да ги споделува информациите до кои дошол по пат на анкетата, односно дека нема да им ги отстапи на трети лица.

Маркет Висион не е одговорен за технички грешки кои не се во надлежност на Маркет Висион, како ни штетата причинета од виша сила или други непредвидени околности, како што е штетата причинета од делување на трети лица.

Маркет Висион го задржува правото од интерни причини да престане со давање на услуги на одреден временски период. Во такви случаи на прекин, членовите немаат право да бараат надомест на штета од Маркет Висион.

Маркет Висион не носи одговорност за посредна и непосредна штета, губење на приходи или друга штета која настанува како последица од побарувањата на трети лица.

Анкетите и прашалниците кои им се испраќаат на членовите, како и содржината на истите се заштитени со закон. Споделување, копирање, обработка или измена на содржината од анкетите како и нивно обелоденување или пак доставување до трети лица или јавност, во целина или делумно не е дозволено.

Членството во панелот е бесплатно и не е временски ограничено. Членовите може да се откажат од членството во секој момент со испраќање на барање на е-маил:

✉ info@prasalnik.mk

Маркет Висион го задржува правото да исклучи член од панелот доколку постои основано сомнение дека членот ги прекршил условите на користење со моментално дејство преку испраќање на известување по пошта или е-маил.

Резултатите од анкетите во кои тој член учествува во моментот се поништуваат.

За да може да учествува во интернет анкетите на онлајн панелот „Прашалник“, секој член мора да се регистрира преку пополнување на формуларот за регистрација кој може да се најде на ТУКА,

при што:

  • Треба да ги прифати условите на користење
  • Мора да има наполнето најмалку 18 години и да има постојано живеалиште во Р. Македонија
  • Не смее да биде вработен или пак некој од неговото семејство да биде вработен во други агенции и организации кои се занимаваат со истражување на пазарот
  • Не смее да се регистрира на панелот повеќе од еднаш и не смее при регистрацијата да остави лажни податоци со цел да стекне својство на член на панелот за да може да учествува во анкетите
  • Не смее да го пренесува правото на член на панелот на трети лица по регистрацијата

По пополнување на регистрацијата, секој учесник треба да очекува одговор за успешна регистрација или пак барање за дополнителни информации во зависност од целосноста на податоците кои ги внесува при регистрација.

Доколку членот при регистрацијата даде лажни податоци за себе, ако се регистрира со повеќе профили или пак им даде податоци на трети лица со цел да го користат правото на член на панелот, Маркет Висион го задржува правото да го исклучи тоа лице од панелот.

Маркет Висион исто така го задржува правото поените кои до тогаш ги стекнал учесникот, истите да ги задржи, како и да бара надомест на штета и да покрене судски спор против тој член.

Сите регистрирани членови ќе добиваат повремено барање по електронска пошта за ажурирање на нивните податоци.

Маркет Висион го задржува правото да побара копија од лична карта заради контрола податоците при регистрацијата, како и да не одобри членство и по направена регистрација.

За секоја целосно и правилно пополнета анкета, членот добива надоместок изразен во поени кој ќе биде назначен во поканата за учество во интернет-анкетата. Поените се бележат на сметката на членот и истите ќе може да ги замени со пари кога ќе биде освоен минимален број на поени кои ќе му бидат исплатени на сметка на корисникот.

Надоместокот кој се доделува за секоја анкета го одредува Маркет Висион, во зависност од видот, времетраењето и сложеноста на анкетата. Поените кои се добиваат за одредена анкета е ист за сите учесници и јасно е назначен во поканата за учество во анкетата.

Евиденцијата за моменталната заработка може да се добие преку испраќање на барање на следнава е-маил адреса:

✉ info@prasalnik.mk

Кога членот на панелот ќе собере 1.000 поени може да побара исплата со испраќање на барање на е-маил адресата:

✉ info@prasalnik.mk.

Исплаќањето се врши квартално.

Пред исплата на наградата, неопходно е членот на панелот да потпише договор со Маркет Висион кој се испраќа на куќната адреса на членот на панелот кој се квалификува за награда.

Доколку членот на панелот во рок од две години од датумот на последниот упис на поените не ги искористи, истите престануваат да важат. По истекување на овој датум членовите немаат право да бараат исплата на поените.

Маркет Висион придава големо значење на приватноста на секој член на панелот и дава апсолутен приоритет на заштита на чувствителните податоци за сите членови. Собирањето, обработката и користењето на личните податоци на членовите се врши во склад со насоките за Законот за заштита на личните податоци. Исто така, Маркет Висион се придржува до најстрогите прописи на кодексот на ЕСОМАР за истражување на јавното мислење и истражување на пазарот.

Маркет Висион се обврзува личните и контакт податоци од членовите на панелот во ниту еден случај да не ги проследува на трети лица. Податоците за членовите ќе бидат користени исклучиво за потребите на интернет анкетите и ќе им бидат достапни само на вработените во Маркет Висион.

Податоците од членовите на панелот ќе бидат искористени за следниве цели:

  • Избор на учесници за учество во поединечни анкети помеѓу членовите на панелот
  • Испраќање на покани за учество во интернет анкетите
  • Известување и исплата на заработените поени

 

Сите информации кои ги дава членот за потребите на интернет анкетите анкетите, ќе се третираат како строго доверливи и ќе бидат анонимни, односно во текот на обработката на податоците нема да се користат лични податоци за членовите. Презентацијата на податоците пред нарачателот на анкетата ќе бидат исклучиво анонимни, а никако лични податоци за членовите.

Во случај на прекинување на членството, сите лични податоци се бришат во рок од 30 дена од прекинот на членството.

Личните податоци кои ни се дадени во процесот на регистрација се чуваат на сигурен сервер и се користат исклучиво за целта за спроведување на истражувањето.

За измени во условите за користење, Маркет Висион ги известува членовите на панелот преку електронска пошта пред тој да стапи на сила. Доколку во рок од 14 дена по примањето на писменото известување за промена на условите, членот не достави жалба до Маркет Висион ќе се смета дека измената на условите е прифатена.

Во случај на спор помеѓу член на панелот и Маркет Висион, надлежен е Oсновен суд Скопје 2 во Скопје.

НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА (ЧПП)

Доколку сте успеале да соберете 1001 поен што одговара на вредност од 500 денари заклучно до 15-ти март и сакате истите да ги замените со парични средства, тогаш најпрво треба да испратите е-маил со барање за исплата. Потоа ќе ви биде доставен образец од договор на домашна адреса кој треба да го пополните и заедно со копија од вашата лична карта и трансакциска сметка да ни го испратите по пошта на адреса: Маркет Висион, ул. Козле бр. 8, 1000 Скопје. По добиените потребни документи, ние ќе извршиме контрола над истите и доколку е се во ред односно истите се валидни и точно пополнети, средствата ќе бидат префрлени на ваша сметка во предвидениот рок. Доколку имате било какво прашање во однос на процесот на исплата, можете во секое време да не контактирате на нашата е-маил адреса info@prasalnik.mk , по што во рок од три дена нашиот тим ќе прати одговор на вашето прашање.

Нема одреден број на анкети кои ќе ги добивате во конкретен временски период. За секое истражување се избираат учесници со соодветен демографски профил по случаен избор од сите членови на панелот, така што во некој период може да се случи за кратко време да добиете повеќе анкети, а во друг период подолго време да не сте контактирани за ниедна анкета.

Да. Со цел да бидеме сигурни дека добро сте го обмислиле секој одговор, воспоставивме контролни проверки за сите анкети при секое истражување. За одговорите кои не се логични или чие одговарање е направено немарно, колку што побрзо да се заврши анкетата, нема да се доделуваат поени. Оваа контролна проверка важи за сите истражувања и секој испитаник подеднакво.

Сите истражувања се спроведуваат според кодот на однесување на ЕСОМАР (Европската асоцијација за истражување на јавното мислење и истражување на пазарот). Одговорите од анкетите ќе бидат користени само за потребите на даденото истражување и во врска со истите нема да бидете контактирани од трето лице. Овие одговори се разгледуваат групно и се претставуваат само како просечна оцена (пр. 8 од 10 лица во Македонија преферираат да купуваат во големи супермаркети). Исто така сите одговори се анонимни, што значи дека не се поврзуваат со личните податоци на учесникот, туку само со неговиот социо-демографски профил.

Бројот на поени, односно надоместот кој ќе добиете со секој прашалник е различен и зависи од должината и комплексноста на истиот. За да бидете однапред информирани, со секој испратен прашалник ќе добиете информација во однос на тоа колку е просечното времетраење на прашалникот и нивото на комплексност, како и точниот број на поени кој би го заработиле со правилно пополнување на истиот.

Исплатата на средствата се врши квартално, односно на секои три месеци (март, јуни, септември и декември). За да бидете исплатени треба да соберете минимум 1000 поени кои одговараат на вредност од 500 денари и да побарате исплата на следнава е-маил адреса: info@prasalnik.mk, по што ќе добиете образец од договор на кој треба да ги пополните вашите податоци и да го доставите до нас за да може да биде извршена исплатата.

Право да учествуваат во анкетите имаат оние членови на панелот кои добиле покана за учество во одредено истражување. Учеството во анкетите е доброволно и самите избирате кои анкети сакате да ги одговорите, а кои не. Она што треба да го имате во предвид е дека на секоја одделна анкета можете да одговарате само еднаш и најдобро е да не го одложувате одговарањето на добиената анкета бидејќи штом доволен број на лица со одреден демографски профил ја пополнат анкетата, системот нема да ви дозволи да одговарате на истата.

Не. Успехот на онлајн панелот „Прашалник“ се потпира на искреноста на сите негови членови. Секој кој ќе се обиде да креира повеќе профили ризикува сите тие профили да бидат избришани и да ги изгуби сите заработени поени преку такви профили. За да овозможиме фер услови за соработка со сите членови, ние сериозно им пристапуваме на сите измамнички дејствија и ги истражуваме сите сомнителни регистрации или обиди за учество во интернет анкетите. Притоа активно спречуваме повеќекратно учество на еден член во едно истражување и ги контролираме сите добиени податоци со цел да бидеме сигурни дека нема нечесно однесување и може да се потврди веродостојноста на податоците.

Секако. Можете во секое време да го откажете своето членство. Доволно е да побарате такво нешто на нашата е-маил адреса: info@prasalnik.mk

Кој се ќе добие можност да учествува во истражувањето се одлучува преку предселекција на членовите. Имено, од темата на истражувањето зависи кој демографски профил на испитаници најмногу одговара за пополнување на прашалникот за тоа истражување. Врз основа на податоците од вашата регистрација ние ќе ве контактираме со пред-прашалник за сите истражувања кои одговараат на вашиот профил. Пред-прашалникот најчесто се состои од 2-4 прашања чија цел е да ни дадат слика дали вие би биле соодветен испитаник за конкретното истражување. Доколку сте, во рок од еден до два дена после пополнетиот пред-прашалник ќе добиете прашалник од тоа истражување.

Нема проблем. Ние знаеме дека не секогаш пополнувањето на прашалникот зависи од вашата воља, некогаш ќе немате време, некогаш проблеми со конекцијата, некогаш од лични причини нема да бидете во можност да одговорите на понудениот прашалник и тоа е сосема во ред. Во секој случај наша препорака е да искористите што е можно повеќе можности за одговарање на прашалници бидејќи на тој начин можете повеќе да заработите.

КОНТАКТ

 

За сите информации, обратете се на info@prasalnik.mk

© Copyright 2016 ПРАШАЛНИК | MARKET VISION

Маркет Висион ДООЕЛ Скопје, ул. Козле бр. 8, 1000 Скопје, Р. Македонија